петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Двајца мигранти се уапсени во прифатниот центар Блажуј, кај Сараево, 17 ќе бидат депортирани од БиХ

Двајца мигранти се уапсени во прифатниот центар Блажуј, кај Сараево, 17 ќе бидат депортирани од БиХ

Припадници на повеќе полициски агенции во Босна и Херцеговина денеска спроведоа операција „Рација“ во прифатниот центар за мигранти Блажуј кај Сараево, при што уапсија две лица од Либија и Мароко за поседување наркотична дрога.

Во акцијата пронајдено е ладно оружје, како и наркотична дрога марихуана и хероин.

Во акцијата е констатирано и дека 17 лица сместени во прифатниот центар илегално престојуваат на територијата на Босна и Херцеговина, поради што може да се поврзат со шверц на луѓе и други незаконски активности.

Како што беше најавено, тие ќе бидат протерани од БиХ.

Триста припадници на неколку полициски агенции во БиХ денеска извршија претрес во центарот за мигранти во Блажуј кај Сараево со цел да пронајдат лица кои нелегално престојуваат таму, како и да откријат нелегално оружје и наркотици.