недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Две лица загинаа: Се преврти јахта на грчко пристаниште

Две лица загинаа: Се преврти јахта на грчко пристаниште

Спасувачките служби од морето ги извлекоа безживотните тела на двете лица кои од вчера се водеа за исчезнати, откако се превртила малата јахта закотвена на пристаништето во грчкиот град Антирио во западниот дел на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Едното лице беше извлечено околу час и половина по полноќ, а другото рано утрово.

Лошите временски услови, дождот и силниот ветер веројатно се причината за превртувањето на малата јахта, а во спасувачката акција, како што доцна синоќа соопштија од противпожарната служба на Грција, вклучени беа 11 пожарникари со шест возила и двајца нуркачи.

Од доцна синоќа Грција ја зафати невремето „Гирионис”, што создаде сериозни проблеми во повеќе делови на земјата.