недела, 7. април 2024. Вести денес: 0
home Регион

Џип во пламен: Фрлена бомба на автомобилот на познат кошаркар

Џип во пламен: Фрлена бомба на автомобилот на познат кошаркар

На автомобилот на поранешниот репрезентативец и кошаркар на Партизан Вукашин Вуле Авдаловиќ утринава околу 4.30 фрлена е експлозивна направа.

За среќа во стравичната ексползија немало повредени.

Џипот Ауди К5 бил паркиран во дворот на куќата на Авдаловиќ во Белград.

Криминалистичката полиција се уште врши увид.

Првите резултати на истрагата укажуваат дека Авдаловиќ не бил мета на напаѓачите, туку негов сосед кој живее во близина и има сериозно криминално досие.