Европската банка за обнова и развој ја зголеми прогнозата за раст на бруто-домашниот производ на Србија за 2018 година за 1,3 процентни поени, од 2,9 отсто, во мај на 4,2 отсто.
Во најновиот извештај објавен денеска на оваа финансиска институција,банката ја задржа прогнозата за економски раст на Србија за 2019 година на претходно утврденото ниво од 3,5 проценти.
ЕБРД нагласува дека „по скромниот раст во 2017 година (2,0 проценти), економијата во првата половина од 2018 година, бележи експанзија од 4,9 отсто пред се поради зголемената домашна побарувачка и првенствено зголемениот број инвестиции”.