Преку подводен кабел што ќе пренесува зелена енергија, електрично ќе се поврзат Грција и Египет, по Меморандумот за разбирање што денеска го потпишаа министрите за животна средина и енергија на двете земји, Костас Скрекас и Мохамед Шакер, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Министерството за животна средина и енергија на Грција соопштија дека електричното поврзување ќе биде прво во регионот на Југоисточниот Медитеран и е проект со повеќе придобивки, меѓу кои и дополнително надградување на стратешкиот однос меѓу Грција и Египет, со создавање на заедничко, витално поле на економска соработка; зајакнување на енергетската безбедност на земјата; зголемување на употребата на обновливи извори на енергија; намалување на цените на електричната енергија, зајакнување на конкуренцијата и заштеда на ресурси итн.
Потпишувањето на меморандумот, беше договорено во јуни, за време на официјалната посета на грчкиот премиерот, Кирјакос Мицотакис на Каиро и неговата средба со претседателот на Египет египетскиот претседател Абедел Фатах ал-Сиси. (МИА)