Возфухопловниот експерт Ален Шќуриќ го искоментира исчезнувањето на авионот кој вчера полетал од Сплит кон Германија.
-Разговарав со неколку луѓе и хрватски пилоти, со контрола на летање, добив информација дека авионот полетал од Сплит, каде што времето било добро и влетал во ситуација кај Слуњ која била кобна за него, наеднаш заладило и создало облак или магла што беше ниско над Слуњ, авионот прелетал 700 метри, значи прилично ниско и влетал во тој облак. Пилотот се изгубил, неговите последни зборови кои ги знаат во контролата на воздушната навигација биле прилично хаотични и панични, извозел два круга над Слуњ, дефинитивно се изгубил и на крајот се урнал, изјави Шќуриќ за време на гостувањето во „Новиот ден“ на телевизија N1.
Тој посочи дека ова време не е лошо за поголеми авиони кои имаат инструментална навигација.
– Зборуваме за мал спортски авион, тоа е убав спортски авион, за пократки летови, но не се препорачува летање до Германија, не е најпрепорачливо да се лета над Велебит или Алпите, но тоа претпоставува сепак подобро време од вчера, рече Шќуриќ.
Додал дека е невозможно да се знае колку и како бил опремен авионот.
– Ова не е авион ниту за вакви временски услови. Пилотот не требало да тргне на овој пат или требал да одреди друга рута, преку Истра или некаде каде што времето било поубаво. Многу малку се знае што се случило, секако зборуваме за мал авион кој е проблематичен и не е никако погоден за вакви услови. Тоа се авиони кои не се опремени како големите авиони и тука може да биде сешто, истакнал Шќуриќ.
Што се однесува до процедурите пред полетувањето, Шќуриќ рече дека ја поминале пасошката контрола и дека летот требало да биде објавен.
– Не е исто кога имаш авион со 150 или 200 патници, процедурите се различни отколку во малите авиони. Ги има околу стотина дневно и имаат поедноставни процедури, што е сосема логично. Сплитскиот аеродром сигурно не погрешил во работата, заклучи Шќуриќ.