петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Експлозија во Белград, рано утринава фрлена бомба во фризерски салон

Експлозија во Белград, рано утринава фрлена бомба во фризерски салон
Telegraf.rs

Во фризерскиот салон во Белград рано утринава околу четири часот била фрлена бомба, јавуваат српските медиуми.

Од Министерството за внатрешни работи наведуваат дека нема повредени, а причинета е голема материјална штета. Полицискиот увид е во тек.

Како што наведува полицијата се обидува да го идентификува напаѓачот, а на видео снимките од камерите се гледа како тој крши прозорец со чекан и фрла бомба, по што бега.