среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Евакуирана автобуската станица во Приштина поради сомневање за поставена бомба

Евакуирана автобуската станица во Приштина поради сомневање за поставена бомба

Директорот на меѓуградската автобуска станица во косовскиот главен град, Арианит Грезда информира дека станицата попладнево била целосно евакуирана, поради сомневања за поставена експлозивна направа, објави „Газета експрес“.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Грезда за порталот изјави дека од станицата се евакуирани сите патници, како и тамошните вработени.

– Сите сме излезени. Ги отсранија сите луѓе, изјави Грезда.

За тоа дали се работи за сомневања за поставена бомба, Грезда ги упати новинарите да побараат информација од надлежните органи.

Од полицијата се уште нема информација за тоа што се случува на автобуската станица, меѓутоа медиумите јавуваат дека на местото на настанот е видно присуството на полициски тимови.