петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Европската обвинителка бара одземање на пратеничкиот имунитет и на европратеничка од Нова демократија

Европската обвинителка бара одземање на пратеничкиот имунитет и на европратеничка од Нова демократија

Европратеничката од Нова демократија, Мариа Спираки, изјави дека нема никаква поврзаност со аферата „Qatargate“, ниту има некаква поврзаност со било кој друг случај,  откако европската обвинителка побарала одземање на пратеничкиот имунитет не само на сменетата потпретседателка на ЕП, Ева Каили, туку и нејзиниот, јави дописничката на МИА од Атина.

Според медиумите, барањето на обвинителката е по извештајот од Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ), дека постојат сомневања за сторена измама на штета на буџетот на ЕУ, во врска со пратеничкиот додаток за асистенти.

Европратеничката од Нова демократија објасни дека прашањето е поврзано со нејзин поранешен соработник, кој имал сериозен личен проблем и отсуствал од седниците на Европскиот парламент, но и додаде дека прифаќа да и биде одземен пратеничкиот имунитет за да се расчисти целиот случај.

Паралелно, говорејќи утрово за грчките медиуми, Спираки истакна дека ќе побара суспензија на нејзиниот пратенички статус.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, одговарајќи на пратеничко прашање на прес конференцијата во Брисел доцна синоќа рече дека нема целосна слика за случајот, но „станува збор за сериозен случај“, кој ќе го разгледа штом се врати во Атина.  (МИА)