четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Европски суд за човекови права: Конститутивните народи во БиХ се привилегирани

Европски суд за човекови права: Конститутивните народи во БиХ се привилегирани

Во денешната пресуда на Европскиот суд за човекови права се наведува дека „конститутивните народи“ во Босна и Херцеговина очигледно уживаат привилегирана положба во сегашниот систем.

Согласно Уставот на БиХ, конститутивни народи се Бошњаците, Србите и Хрватите.

Судот донесе пресуда по жалбата на Славен Ковачевиќ, во која утврди дека му се повредени правата и дека е дискриминиран, бидејќи не може да гласа за кандидати за Дом на народите на Парламентарното собрание на БиХ и за членови на Претседателството на БиХ, кои не припаѓаат на конститутивните народи и не живеат во одреден ентитет.

Ковачевиќ се пожали, бидејќи неговото активно избирачко право е загрозено бидејќи, како некој што живее во ентитет Федерација на БиХ може да гласа исклучиво за Хрватите и Бошњаците при изборот на членови на Претседателството на БиХ.

Според Уставот тројца членови се избираат во Претседателството на БиХ, „Бошњак и Хрват од ентитетот Федерација на БиХ“ и „Србин од ентитетот Република Српска“, што е одредба која ги спречува Евреите, Ромите и другите да се кандидираат за функција и да бидат избрани за членови на Претседателството на БиХ и делегати во Домот на народите на Парламентарното собрание на БиХ, во кое има три клуба со по пет Бошњаци, Хрвати и Срби.

Исто така, Бошњаците и Хрватите од ентитетот Република Српска, како и Србите од ентитетот на Федерацијата БиХ, не можат да се кандидираат или да бидат делегирани на тие позиции. Истото важи и за избор на делегати во Домот на народите на државниот Парламент.

Во својата последна пресуда, Европскиот суд за човекови права утврди дека комбинацијата на територијални и етнички претензии претставува дискриминација.

Судот изјави дека Претседателството е политички орган на државата, а не субјект. Нејзините политики и одлуки ги засегаат сите граѓани на БиХ, без оглед дали живеат во Федерацијата, РС или округот Брчко.

„Сегашното уредување дава предност на етничката застапеност пред политичките, економските, социјалните, филозофските и други фактори, што ги зајакнува етничките поделби во земјата и го поткопува демократскиот карактер на изборите, се наведува во резимето на пресудата на Европскиот суд за човекови права.