Заедничката европска валута, еврото, денеска го допре историскиот минимум во размена со албанската валута, лекот.
Според официјалниот курс на Централна банка на Албанија, еврото се разменува за 104,85 лека со што е соборен рекордот поставен на 9 јуни од 105,6 лека.
-Централната банка планира операција во четврток за откуп на валути од 5 до 9 милиони евра од пазарот. Останува да видиме дали ќе има влијание, наведуваат медиумите.
Додаваат дека туристичките текови, но и „илегално внесените пари континуирано ја девалвираат европската валута, погодувајќи ги извозниците, но и резервациите во евра за летување“.
Според банката пак купувањето имот од странски државјани ја зголемува понудата на европската валута во земјава, што влијае на нејзината девалвација.
Во првите месеци од годинава еврото се разменуваше со 122 лека. (МИА)