Рано утринава 27- годишниот Ј.Н кој бил на издржување на затворска казна во затворот во Прокуупње, побегнал од клиничкиот центар во Ниш, а потрегата по него се уште трае.
Во текот на ноќта тој во затворот сам се повредил со жилет, па му е укажана помош и со полициска придружба е пренесен во здравствена установа.
Меѓутоа тој не стигнал до клиничкиот центар и според српските медиуми се претпооставува дека скокнал од возилото во движење и побегнал пред да стаса во болницата.
Полицијата се уште трага по него.