четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Фон дер Лајен утре ќе ја посети БиХ

Фон дер Лајен утре ќе ја посети БиХ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, утре ќе ја посети Босна и Херцеговина во рамки на нејзината турнеја низ Западен Балкан, соопшти Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина.

Доаѓањето на Фон дер Лајен во БиХ е поврзано со неодамнешната препорака на Европската комисија за доделување кандидатски статус на Босна и Херцеговина, со цел да се нагласи пораката дека иднината на Босна и Херцеговина е во Европската унија, се наведува во соопштението.

Се додава дека потпретседателката на Европската комисија ќе се осврне и на енергетската криза и ќе ја „покаже одлучноста на ЕУ да ги поддржи партнерите во справувањето со високите цени на енергијата и долгорочното подобрување на нивната енергетска безбедност“.

Фон дер Лајен ќе се сретне со членовите на Претседателството на БиХ, други политички претставници во БиХ, претставници на граѓанското општество, културните институции и бизнис заедницата и свечено ќе го отвори тунелот „Иван“ на „Коридорот 5ц“, се наведува во соопштението.

Европската унија инвестираше 23,3 милиони евра во грантови за делницата од патот Тарчин-Иван и за тунелот „Иван“ кон Коњица, што е дел од вкупната грант поддршка од ЕУ од 542 милиони евра за „Коридорот 5ц“. (МИА)