среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ФОТО: Фрлена бомба во кафуле во Белград

ФОТО: Фрлена бомба во кафуле во Белград
фото:eStock

Експлозивната направа е фрлена утрово околу 5 часот во едно кафуле во Белград во областа Дорчол, пренесуваат српските медиуми.

Ова е втор ваков случај на улицата Добрачина, бидејќи неодамна беше фрлена бомба врз друго кафуле во близина.

Новата експлозија ја оштети фасадата, излогот и автомобилот кој бил паркиран пред него. Оштетената зграда е на компанијата Хорека Системс доо, филијала на Пржионица.

фото: Весна Лалиќ/нова.рс