петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ФОТО: Момче и девојка пронајдени мртви во Грција, се самоубиле во сатанистички ритуал

ФОТО: Момче и девојка пронајдени мртви во Грција, се самоубиле во сатанистички ритуал

23-годишната Бугарка Лилиа Ботушева, која нејзиното семејство ја пријавило како исчезната минатиот јуни, беше пронајдена мртва заедно со 30-годишен Германец во изнајмена соба во селото Влахата на островот Кефалонија.

Телата беа пронајдени на новогодишната ноќ од страна на сопственикот на имотот, каде што, наводно, престојувале од 26 декември.

На местото биле пронајдени ножеви, свеќи и сатански пентаграм, што ја навело полицијата да верува дека двојката можеби учествувала во сатански ритуал.

Иследничката Ангелики Циола во својот извештај изјави дека жената починала прва, сечејќи се со сечило. Мажот потоа, наводно, се прободел во срцето додека бил во бањата.

Ботушева била пријавена како исчезната од нејзиното семејство во јуни, но потрагата била прекината кога таа ги контактирала властите за да ги информира дека е во Ерфурт, Германија, .

Двојката отпатувала во Грција во автомобил со лажни таблички што мажот ги изнајмил во Германија.

Семејството на Лилија и пријателите очајнички трагале по неа во текот на минатите неколку месеци.

Стравувале дека се приклучила во сатанистичка секта. Патологот рекол дека Лилија имала неколку лузни од претходно, што укажува на самоповредување.

Полицијата и патологот заклучиле дека таа прва извршила самоубиство. Нејзиното момче потоа отишло до бањата и си забило нож во срце.

Смртта настапила 24 часа пред полна Месечина на првиот ден од Нова година. Оваа појава го носи името Волчја месечина.