недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ФОТО: Ова се пилотите кои загинаа откако се урна канадер кој гаснеше пожар во Грција

ФОТО: Ова се пилотите кои загинаа откако се урна канадер кој гаснеше пожар во Грција

Капетанот на ескадрилата Христос Мулас (34) и копилотот, втор поручник Периклис Стефанидис (27), загинаа вчера во падот на канадерот во Грција. Тие беа вклучени во гаснењето на пожарите кои беснеат во Грција.

Додека гаснеле пожар во близина на селото Платанистос во Каристос, нивното летало се урнало за време на маневар и тие загинаа додека ја извршувале својата должност. Според грчките медиуми, Стефанидис и Мулас полетале нешто пред 12 часот со ЦЛ-215 од аеродромот Агиалос на пат кон Каристос.

Малку по 15:00 часот, откако испуштиле вода на жариштето, нивниот авион со десното крило удрил во дрво, што довело до губење на висината и авионот се урнал во следниот момент. Неколку секунди откако канадерот паднал покрај потокот, авионот експлодирал.

Двајца млади пилоти загинаа и покрај напорите на пожарникарите да го изгаснат пожарот и да ги извлечат.