сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ФОТО: Поплави на грчкиот остров Евија, загинаа седум лица

ФОТО: Поплави на грчкиот остров Евија, загинаа седум лица

Бројот на жртви од вчерашните поплави на грчкиот остров Евија се зголеми на седум лица, откако синоќа беа извлечени безживотни тела на уште две лица, а едно се води за исчезнато, јави допсничката на МИА од Атина.

Противпожарната служба на Грција интервенирала во спасување на 97 лица, од кои 43 биле спасени со три хеликоптери.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој преку негвиот официјален „Твитер“ профил вчера изрази длабока жалост и сочувство до семејствата на загинатите, денеска ќе го посети погодениот регион.