вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ФОТО: Први фотографии од местото каде се урна хрватскиот МиГ

ФОТО: Први фотографии од местото каде се урна хрватскиот МиГ

Хрватски Миг-21 се урна денеска во ненаселена област кај Слатина. Од Министерството за одбрана објавија и официјално соопштение за пилотите – двајцата се пронајдени и надвор од животна опасност и се транспортирани во болница.

-Повредениот пилот е евакуиран со хеликоптер и му е укажана медицинска помош. На теренот имало 28 припадници на горската спасувачка служба, со беспилотно летало, додека на пат биле над 95 припадници на со 11 летала кои имаат можност за пребарување и во вечерни услови и 4 тимови за пребарување со кучиња трагачи. Први на терен излегоа членовите на станицата ХГСС Ораховица, ја презедоа иницијативата и ја завршија целата работа, а ние се вклучивме и помогнавме. Паралелно со испраќањето луѓе на терен, нашиот центар работи на примање информации ја дефинира патеката на летот на авионот и можниот пат на паѓање, изјави Звонимир Милер, раководител на потрагата во ХГСС.

Несреќата ја коментираше и хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

-Во овој момент најважно е што двајцата пилоти на хрватското воздухопловство се живи и дека на местото на авионската несреќа нема жртви или повредени, како и нема штета на имотот на граѓаните. На повредениот пилот му посакувам брзо закрепнување. Во постојан контакт сум со началникот на Генералштабот на вооружените сили на Република Хрватска, адмирал Роберт Храње, кој ме информира за ситуацијата. Очекувам што поскоро да се утврдат околностите и причината за падот на авионот МиГ-21, се вели во писмената изјава на претседателот Зоран Милановиќ.