Силниот земјотрес што ја погоди Турција, предизвика општа паника во повеќе турски градови, притоа принудувајќи жителите да ги напуштат своите домови и да излезат на улица.
Земјотресот од 6,8 степени, покрај предизвиканата материјална штета, како што потврди министерот за внатрешни работи на Турција, за сега однесе и четири човечки животи.
Епицентарот бил на 218 километри од турскиот град Газиамтеп и 34 километри од Елазиг.