Фотографијата која настана во саботата, на Бадник, пред цркцата Свети Николј во селото Александровац, во општината Жабари во Србија зачуди многумина.
Она што е забележано од камерата, едноставно е неверојатно. Веројатно на оваа глетка многумина се прекрстиле и помолиле, а и оние кои не веруваат не останале рамнодушни.
Фотографијата настанала во текот на палењето на бадникови огнови пред црква, а во десниот горен агол, веднаш до ѕидот од црквата, се гледа нешто како челуст на некаков призрак, кој бега од пламенот кој излегува од бадниковиот оган.
Околу огнот е собран народоткој дошол да се помоли и свечено да го дочека најрадосниот христијански празник, Божиќ.
Верниците тврдат и цврсто веруваат дека таа вечер нивниот свештеник Ивица Калиновиќ, со силата на молитвата ја разобличил злата сила и ја истерал пред доаѓањето на празникот Христово раѓање – Божиќ.