вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ГЕРБ го врати мандатот, Радев за утре свика консултации

ГЕРБ го врати мандатот, Радев за утре свика консултации

Пратеничката група на ГЕРБ-СДС нема да го искористи правото дадено со Уставот за спроведување на мандат за формирање влада и нема да предложи кандидат за премиер. Ова го изјави координаторката на пратеничката група Десислава Атанасова, на средбата кај претседателот на Бугарија Румен Радев.

Претседателот Румен Радев изјави дека ја почитува одлуката на ГЕРБ да не го искористи правото за формирање влада.

-Вие ја најавивте оваа ваша одлука, но во парламентарната република партиите застапени во парламентот се одговорни за формирање владејачкото мнозинство, рече тој.

Радев посочи дека без разлика дали се во власта или во опозиција, сите партии застапени во парламентот имаат своја одговорност да најдат излез од кризите кои се продлабочуваат – инфлација, здравствена, социјална. Тие директно влијаат на животот на бугарските граѓани и бараат итна акција од одговорните институции, нагласи тој.

Претседателот Румен Радев рече дека од утре ќе почне консултации со партиите застапени во Собранието за излез од политичката криза.

-Сакам да ги слушнам партиите како тие гледаат на кризата и какви решенија предлагаат за излез од кризата, какви можности гледаат за коалициските разговори да се бара мнозинство во овој парламент, кои приоритети и програми можат да бараат обединување за да одлучам кому да му го доделам мандатот, рече тој.