сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

„Гледам само лешеви, чудно ми е кога ќе видам жив човек“ – соработникот на Беливук бил опседнат со убивање

„Гледам само лешеви, чудно ми е кога ќе видам жив човек“ – соработникот на Беливук бил опседнат со убивање

Бојан Хрватин, заштитениот сведок во процесот против екипата на Веља невоља раскажува дека Марко Миљковиќ, еден од најблиските соработници на Белквук бил опседнат со убивање.

Во една од пораките што му ги напишал стоело:

-Moрам малку да се одморам, ќе одлепам брате. Само лешеви гледам, чудно ми е кога ќе видам жив човек-велел Миљковиќ на Хрватин.

Сведокот раскажа дека Миљковиќ имал колекција од фотографии од искасапени жртви.

-Имаше полн телефон, па дури и лешеви на сопернички клан. Имаше една од труп со отсечена глава. Но, тврдеше дека тоа не го направиле тие туку Шкаљарскиот клан-раскажа Хрватин за сведоштовото на Миљковиќ.