вторник, 19. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Голем пожар беснее на Халкидики

Голем пожар беснее на Халкидики

Голем шумски пожар избувна утрово во непрооден дел во областа Мола Калива кај Касандра на првиот крак на Халкидики, а во тек се напори огнените јазици да се стават под контрола, јави дописничката на МИА од Атина.

Противпожарната служба на Грција интервенира со 150 пожарникари со шест пешадиски тима, 40 возила и четити авиони, а помагаат волонтери и цистерни од општините.

Според локалните медиуми, силниот ветер дополнително ја отежнува работата на пожарникарите.