недела, 25. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Голем пожар во Грција: Се евакуираат жители на неколку населби

Голем пожар во Грција: Се евакуираат жители на неколку населби

Најмалку пет населби се превентивно евакуирани, а преку порака од бројот за итни случаи се повикуваат жителите на уште две населби да ги напуштат нивните домови и да се упатат кон плажата што е во близина, по пожарот што претпладнево изби во општина Сароникос, во источниот дел на областа Атика, јави дописничката на МИА од Атина.

Во гаснењето на пожарот учествуваат 117 пожарникари со седум пешадиски тима и 35 возила, пет авиони и осум хеликоптери, а помагаат волонтери и цистерни од општината.

Силниот ветер дополнително ја отежнува работата на противпожарните служби, а во конкретното предградие во источниот дел на Атика, поширокиот дел на Атина, прекинат е сообраќајот на голем дел од улиците и булеварите. (МИА)