вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Голем пожар во северно предградие на Атина

Голем пожар во северно предградие на Атина
илустрација

Голем пожар избувна попладнево во парк во северното атинско предградие Маруси.

Како што јавија грчките медиуми, во гаснењето на пожарот се вклучени над 20 пожарникари, како и два хеликоптери и авион.

Огнот почнал да се ширел кон една болница што се наоѓа крај паркот и кон околните станбени и деловни објекти.

Според непотврдени информации, во досегашната операција за гаснење на пожарот е повреден еден пожарникар.

(Миа)