четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Голем шумски пожар на грчкиот остров Тасос, евакуирано едно село

Голем шумски пожар на грчкиот остров Тасос, евакуирано едно село

Голем шумски пожар во источниот дел на грчкиот остров Тасос е активен од синоќа, а утрово, превентивно е евакуирано приморското село Кинира , јави дописничката на МИА од Атина.

Пожарот е во планински непрооден дел, интервенираат 102 пожарникари со пет пешадиски тима и 33 возила, шест авиони и шест хеликоптери од кои еден е за координација, а помагаат и пожарникари волонтери, армијата, како и цистерни и возила од општините.

Поголемиот дел од пожарникарите на островот пристигнаа од северна Грција.

Преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите и оние кои се наоѓаат во селото Кинира, превентивно да се евакуираат кон Лименарија.