четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Голем верник, а монструм: Веља Невоља пред судењето побарал свештеник, се исповедал и причестил

Голем верник, а монструм: Веља Невоља пред судењето побарал свештеник, се исповедал и причестил

Пред почетокот на судењето, свештеник го посети Веља Невоља и уште шест членови на неговата криминална група во специјалното притворско одделение за да се причестат.

Свештеник го посети Вељко Беливук, кој е обвинет дека е организатор на криминална група обвинета за најмалку седум брутални убиства.

Беливук поминал околу половина час со него пред да биде врзан со лисици, придружуван од дури петмина затворски чувари во најголемата судница на Специјалниот суд.

-Беливук и уште неколку членови на неговата група побараа посета од свештеникот, но не и Марко Миљковиќ. Обредот со свештеникот се случи по велигденскиот пост што го пости, а во притворската зграда се изврши причестувањето на Беливук, потврди соговорникот.

Сепак, судењето било одложено набрзо откако во судницата влегле обвинетите и нивните бранители.