среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Голема полициска акција во Бугарија: Уапсен Бојко Борисов и други поранешни високи функционери – Петков порачува „никој не е над законот“

Голема полициска акција во Бугарија: Уапсен Бојко Борисов и други поранешни високи функционери – Петков порачува „никој не е над законот“

Бугарската полиција упаднала во домот на поранешниот премиер и лидер на политичката партија ГЕРБ, Бојко Борисов, јавува бугарската „24 часа“, информцијата ја потврдија и од неговата партија.

Полицијата упаднала и во доста други домови на поранешни високи функционери. Како што објавува „24 часа“ уапсени се поранешниот премиер Бојко Борисов, поранешниот министер за финансии Владислав Горанов, и поранешната шефица Комисијата за буџет Менда Стојнова. На списокот на се нашла и Севдалина Арнаудова од пи-ар службата на ГЕРБ, која на телефонскиот повик на „24 часа“ потврди дека во нејзиниот дом има припадници на полицијата.

Преку социјалната мрежа на Фејсбук со порака се огласи и премиерот Кирил Петков кој порача дека никој не е над законот.

 

-Никој не е над законот, напиша кратко Петков на својата Фејсбук страница.