Познатиот српски кларинетист Божидар Боки Милошевиќ почина синоќа во болница во Белград во 87. година.
Милошевиќ беше шеф на Народниот оркестар на РТС, професор во Музичкото училиште „Јосип Славенски“ и член на Белградската филхармонија.
Божидар Боки Милошевиќ е роден во Прокупље во 1931 година, а со музика почнал да се занимава од 1950 година, кога благодарение на славниот виолинист Властимир Павловиќ Варевац почнал да свири во оркестарот на Радио Белград. Дипломирал и магистрирал на Музичката академија во Белград.
-За многумина беше уметник, за нас „само“ нашиот тато, објави на својот Фејсбук профил по повод смртта на таткото, ќерката на Боки, Гордана Јовиќевиќ.
Добитник на е многубројни награди и признанија, а меѓу нив и Наградата за животно дело за севкупен и исклучителен придонес за зачувување на српската култура и традиција, која му ја додели Здружението за негување на традицијата и зачувување на оставштината на Ниш.
Зад него останаа четири деца од кои тројца успешно се занимаваат со музика. Синот Милан исто така е кларинетист и живее во Вакувер, а ќерките Ксенија и Тијана се концертмајстори на Белградската Филхармонија.