четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ГОРИ ВО ГРЦИЈА: Два пожари „однесоа“ домови, евакуирани граѓани

ГОРИ ВО ГРЦИЈА: Два пожари „однесоа“ домови, евакуирани граѓани

Два пожари, на две различни локации, едниот во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, другиот на Пелопонез во близина на Коринт се активни во Грција и засега се вон контрола, а превентивно се евакуирани граѓани, додека пак во близина на Атина веќе има и материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина.

Пожарот во источниот дел на областа Атика активен е над пет часа и поради силниот ветер се шири со голема брзина, а веќе изгореа домови во неколку населби кои не се густо населени.

Поради пожарот на Пелопонез, затворен е автопатот од Атина до Коринт и во двата правци, а превентивно беа евакуирани детски камп и дом за нега на стари лица.

Преку бројот 112 за итни случаи беа испратени неколку пораки до жителите на населбите во близина на пожарите и кај Атика и кај Коринт за превентивна евакуација, додека пак пожарникарите од копно и воздух се обидуваат да ги стават под контрола огнените јазици.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА за пожарите ќе се одржи вонреден состанок на надлежните министри.