Обдукциските наоди од телото на масовниот убиец од Цетиње, Вук Бориловиќ (34) ги потврдија неофицијалните информации.
Тој, како што објавуваат медиумите, се здобил со повреди во телото од пет испукани куршуми.
Од кој куршум настрадал, дали од полицискиот или од соседот Ненад, ќе утврди истрагата која е во тек.
Ова се е наведено во одговорот на Вишото јавно обвинителство во Подгорица за „Вјести“. Оттаму објаснуваат и дека се уште не им се доставени резултатите од обдукциите на десетте жртви на Бориловиќ.
Резултатите од неговата обдукција во обвинителството биле предадени во петокот, на 19 август, една недела по трагедијата во Цетиње.
-Вишото јавно обвинителство во Подгорица, по повод случувањата во Цетиње во континуитет презема бројни мерки и работи се со цел целосно расветлување на настанот. По наредба на обвинителството направена е обдукција и денеска е доставен наодот од телото на В.Б. од кој се заклучува дека е наведено дека лицето се здобило со повреди во пределот на телото од пет испукани проектики. Обдукциските наоди на другите лица се уште не се доставени, како ни наодите од другите вештачења. Дури по доставувањето на сите наоди, вештачења и дсобирање на сите докази ќе може да се донесе одлука за предметот, одговориле од обвинителството.
Во предметот во својство на граѓани биле сослушани повеќе лица, меѓу кои и Ненад.
Во незапаметената трагедија животот го загубија: Данијела Радуновиќ (51), Александра Радуновиќ (52), Милан Митровиќ (37), Рајко Дрецун (56), Димитрије Дрецун (81), Даница Дрецун (74), Горан Ѓуришиќ (54), Наташа Пејовиќ Мартиновиќ (35), М.М. (11) и М.М (8).