четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Границата меѓу Словенија и Хрватска може да биде отворена до крајот на мај

Границата меѓу Словенија и Хрватска може да биде отворена до крајот на мај

Ако нема повторно зголемување на бројот на заразени со коронавирусот, границата меѓу Словенија и Хрватска може повторно да биде отворена до крајот на мај, јави дописникот на МИА од Љубљана.

На оваа тема во Загреб разговараа министерот за економија на Словенија Здравко Почивалшек и хрватскиот министер за туризам Гари Цапели, по што двајцата се согласија дека е потребно да се најде начин за отворање на границата пред почетокот на летната туристичка сезона.

Почивалшек побара хрватската Влада да им дозволи на словенечките државјани кои имаат куќи и викендици во Хрватска да ја поминуваат граница.

Околу 110.000 недвижности во Хрватска се во сопственост на Словенци, а тие поради епидемијата и затворените граници речиси два месеца не можат да видат во каква состојба е нивниот имот.