Грчката полиција уапси седум лица осомничени за планирање или напади врз мигранти на островот Лезбос, соопштија денеска грчките власти.
Полицијата соопшти дека петмина грчки државјани и двајца странци, на возраст меѓу 17 и 24 години, биле уапсени синоќа пред Центарот за миграција во Морија, најголемиот камп за баратели на азил на грчките острови.
Властите трагаат по уште две малолетни лица.
Повеќе од 19.400 мигранти живеат во кампот Морија, каде има место за околу 2.800 луѓе.
Пренатрупаноста и тешките услови во кампот доведоа до зголемени тензии на островот, како кај локалното население, така и кај жителите на кампот. (МИА)