Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу е позитивна на Ковид-19, со благи симптоми и е во карантин во нејзиниот дом, соопштија од претседателската палата, јави дописничката на МИА од Атина.
По направен молекуларен тест, Сакеларопулу добила позитивен резултат, веќе е во изолација, а се одложени сите закажани активности.
Грчката претседателка е вакцинирана со три дози од вакцината.