Поддршката на Грција за Кипар, за „воведување конкретни санкции за лица и субјекти инволвирани во континуираните нелегални активности на Турција во кипарската Ексклузивна економска зона“ ја изразува портпаролот на грчкото МНР, Александрос Гениматас, одговарајќи на новинарско прашање, јави дописничката на МИА од Атина.
-Грција цврсто ја поддржува позицијата на Кипар за спроведувањето на Одлуката на Советот на ЕУ во врска со наметнување насочени санкции за лица и субјекти инволвирани во континуираните нелегални активности на Турција во Ексклузивната економска зона на Република Кипар, вели Гениматас. (МИА)