петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Грција отворена за средба Мицотакис- Ердоган во Прага, доколку тоа го побара турската страна

Грција отворена за средба Мицотакис- Ердоган во Прага, доколку тоа го побара турската страна

Ако турскиот претседател, кој е тој кој со неговите познати изјави ја поткопа климата меѓу двајцата лидери, побара некаква средба со грчкиот премиер, грчката страна ќе ја оцени и позитивно ќе одговори, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Одговарајќи на новинарско прашање за евентуална средба на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган со премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис за време на самитот на ЕУ во четврток и петок во Прага, Иконому ја остави отворена можноста, но истакна дека одговорот би бил позитивен доколку постои расположение и барање од турска страна.

Во однос на тоа кои би биле темите на агендата на евентуалната средба и позициите на Атина, портпаролот на грчката Влада рече дека се познати црвените линии и познат е „одговорот и провокативна и неприфатлива реторика на Турција во последно време“. (МИА)