вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Грција преселува мигранти од Лезбос

Грција преселува мигранти од Лезбос

Грција денеска најави дека до крајот на месецот ќе премести 2.000 мигранти од островот Лезбос на континенталниот дел на земјата.

Групите за заштита на човекови права и локалните власти ја критикуваат Владата за лошите услови за живот во најголемиот камп за мигранти на островот Лезбос, во кој има речиси три пати повеќе луѓе од неговиот капацитет.

Околу 9.000 мигранти и бегалци живеат во поранешна воена база во бродски контејнери и шатори, а капацитетот за сместување е 3.100 лица. Регионалниот директор на северно Егејското Море се закани дека ќе го затвори кампот, ако до крајот на месецот властите не ги подобрат условите за живот во него.

– Ситуацијата во Мориа е навистина тешка, изјави портпаролот на владата Димитрис Ѕанакопулос.

Околу 3.000 луѓе беа префрлени во текот на летото од Мориа на континентот, а уште 700 беа раселени минатата недела, информира Ѕанакопулос. Уште 2.000 ќе бидат преместени до крајот на септември, додаде тој.

МИА