Забавите се целосно забранети, најмногу девет лица ќе можат да присуствуваат на сите јавни и приватни собири, а носењето маски е задолжително во затворено и на отворено.
Најмногу четири лица можат да седат на иста маса во рестораните, но ако се блиски роднини може да има до шестмина. Ограничувањата ќе стапат во сила од 21-31 август.
Грција вчера забележа рекордни 269 нови случаи на коронавирус во земјата најмногу од појавата на коронавирусот на 26-ти февруари.
Владата се бори против јавните собири, затвора барови и ресторани на полноќ и ги повикува младите да носат маски кога ќе се вратат од одмор за да се борат против порастот на инфекцијата.
Заменик-министерот за цивилна заштита, Никос Хардалис, им рече на новинарите дека Грција и покрај растот на инфекциите, сепак е во „подобра состојба“ од другите европски земји.
Тој рече дека Грција е рангирана на 180-то место во однос на смртните случаи на милион жители и дека 83 проценти од неодамнешните инфекции се резултат на непочитување на социјалната дистанца.
На Миконос, остров што никогаш не спие, големите забави на плажите во екот на летната сезона ги принудија властите да ги забранат.
Грција регистрира вкупно 7.472 заразени со коронавирус и 232 смртни случаи.
Според Европскиот центар за контрола и спречување на болести, во изминатите две недели, Грција има 24,4 случаи на ковид-19 на 100.000 жители.