вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Грција воведува задолжително носење маски на повеќе јавни места

Грција воведува задолжително носење маски на повеќе јавни места

Грција ќе воведе задолжително носење маски на повеќе затворени јавни места за да го ограничи ширењето на новиот коронавирус по разгорувањето на заразата со ковид-19 во втората половина на овој месец, рече во вторникот заменик министерот за цивилна заштита.

Здравствените власти пред 10 дена воведоа задолжително носење на маски за потрошувачите во супермаркетите. Маските исто така се задолжителни во јавниот превоз.

Новите мерки стапуваат во сила од среда и предвидуваат задолжително носење на маски од страна на сите во продавници, канцеларии, банки, маркети и пекари. Засега мерката ги исклучува црквите.

„Порастот на инфекциите во Атина и Солун докажува дека вирусот сè уште е тука. Барањето е за општо добро. Ситуацијата не смее да предизвика паника, но ниту немарност“, рече Никос Хардалиас, пренесе Ројтерс.

Грчкиот министер за здравство минатата недела рече дека земјата не се соочува со втор бран на коронавирус, но треба да остане будна.

Грција успеа да го ограничи ширењето на заразите со ковид-19 на 4.227 потврдени случаи и 202 смртни случаи до понеделник, откако рано наметна карантин.

„Не смееме да оставиме простор нештата да тргнат наопаку“, рече Хардалиас.