вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

Грлиќ Радман: НАТО посилно да се ангажира во Западен Балкан

Грлиќ Радман: НАТО посилно да се ангажира во Западен Балкан

Шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман синоќа пред неформалниот состанок на НАТО во Берлин истакна дека Алијансата треба посилно да се ангажира во Западен Балкан.

-Ќе ја нагласам потребата од посилен ангажман на НАТО во Југоисточна Европа и Западен Балкан кога станува збор за демократијата и сите други реформски процеси во тие земји, со цел да се охрабрат земјите во нивните напори да влезат во НАТО, истакна Грлиќ Радман.

Тој се осврна на кризата во Босна и Херцеговина и потребата од промена на изборниот закон, што треба „да го одрази усвојувањето на тие важни измени кои ќе ја регулираат еднаквоста на трите конститутивни народи во согласност со Дејтонскиот и Парискиот договор“.

-Само институционално функционална Босна и Херцеговина заснована на овие основи на еднаквост на трите конститутивни народи и другите граѓани може да биде просперитетна и може да постигне европска перспектива и членство во НАТО, посочи Грлиќ Радман.  (МИА)