вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Грција испраќа брод со хуманитарна помош за Турција

Грција испраќа брод со хуманитарна помош за Турција

Хуманитарната помош од грчките граѓани собрана во општините во Грција, денеска со брод од атинското пристаниште Пиреас заминува за Турција, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Хуманитарната помош од 250 кубни метри, содржи ќебиња, покривки, грејни тела, лекови, средства за лична хигиена, односно она што го побарале турските власти.

Бродот планирано е да биде испратн во турскиот град Искендерун.