петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Грците жестоко ги дочекаа БББ пред Судот: Убијци, фашисти

Грците жестоко ги дочекаа БББ пред Судот: Убијци, фашисти

Грчката полиција уапси околу 100 лица по судирот пред натпреварот меѓу Динамо и АЕК во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите во кои беше убиен 29-годишен навивач на атинскиот клуб.

Откако полицијата ослободи дел од нив, останаа 94, а изведени се пред обвинител. Објавени се фотографии од пристигнувањето на навивачите во судот каде што беа донесени со автобуси.

Најмногу се работи за Хрвати, односно за Бед Блу Бојс. Мерките за безбедност се исклучително строги. Полициски автомобили ги следеа автобусите до крај. Насобраните грчки жители по пристигнувањето пред судот ги навредувале уапсените извикувајќи „убијци“ и „фашисти“.

Речиси сите приведени имаа маици преку глава, така што не им се гледаше лицето.

Се проценува дека најмалку 50 хрватски навивачи се уште се во бегство, а во тек е лабораториско истражување на ДНК и други докази за откривање на сторителите на убиството.