четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Ѓуриќ: Сакаме НАТО да ја преземе контролата на северот на Косово

Ѓуриќ: Сакаме НАТО да ја преземе контролата на северот на Косово

Амбасадорот на Србија во Вашингтон, Марко Ѓуриќ, во гостување на американска телевизија Newsmax изјави дека единствениот начин на кој Србија гледа напред е силите на НАТО да ја преземат контролата врз северот на Косово, објавија косовските медиуми.

„Единствениот пат што го гледаме, иако можеби ви звучи чудно да го слушнете ова од амбасадорот на Србија, е НАТО да преземе одговорност на северот на Косово наместо специјалните сили на Курти. Ние исто така бараме независна меѓународна истрагa na она што се случи, бидејќи беше нападнат српскиот манастир, беа убиени тројца локални Срби, како и еден косовски полицаец, но кој според постоечките договори не требаше да биде таму“, рече Ѓуриќ.

Ѓуриќ додаде дека косовскиот премиер Аlбин Курти, пред сè, со испраќањето на своите специјални сили на северот на Косово извршил насилство врз постоечките договори.

Според него, Курти за 20 месеци буквално уништил се што меѓународната заедница постигнала на Косово за две децении.

„Тој го избриша раководството на САД и ЕУ од секој договор, ја замени постоечката полициска структура во северно Косово со неговата моноетничка албанска специјална полиција и се насочи кон Србите во северно Косово. Како резултат на тоа, за жал видовме дестабилизација и простор за опасни влијанија“, рече Ѓуриќ.