Официјалната веб-страница на бугарската влада била подложена на кибер напад,соопшти информативната служба.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, засега не е познат сторителот на нападот.
Страницата на Советот на министри на Република Бугарија на интернет „www.government.bg“ е привремено недостапна како резултат на кибер напад, се наведува во соопштението.
Властите во Софија соопштија дека се преземени неопходните активности за неутрализирање на нападот и враќање на пристапот до сајтот.