Авион на „Кроација ерлајнс“ на летот Франкфурт – Дубровник е удрен од гром непосредно пред слетувањето на аеродромот во Дубровник.
Се наведува дека инцидентот се случил синоќа околу 21 часот.
Слетувањето поминало без никакви проблеми.
Оштетувањето на авионот „Ербас“ А319 е видливо и авионот е приземјен.
Механичарите на хрватскиот авиопревозник ќе се обидат да го оспособат авионот за наредниот лет.