Група од 10 до 15 мажи упаднала околу полноќ во клубот „Комитет“ во Бетон халата во Белград и целосно го демолирала локалот, пренесуваат српските медиуми.
Според очевидците во клубот изненадно улетала групата хулигани со палки и шипки во рацете, па прво го претепале обезбедувањето, па кршеле се што им дошло до раце.
Клубот во тој момент бил полн, а се претпоставува дека гостите се обиделе да се заштитат криејќи се под масите.
Инаку вчера во клубот настапувал Бојан Маровиќ, но за среќа не е повреден.
Истрагата за упадот е во тек.