среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Харадинај побара да се обележи границата со Србија

Харадинај побара да се обележи границата со Србија

Претседателот на Владата на Косово Рамуш Харадинај информира дека побарал од Државната комисија за надзор врз границата да започне со работа за обележување на границата со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Косовскиот премиер на прес-конференција денеска рече дека веднаш по ратификацијата на договорот за демаркација со Црна Гора, пред шест месеци, побарал од Комисијата и нејзиниот претседател Шпејтим Булиќи да започне со работа на обележувањето на границата со Србија.

– Господинот Булиќи и другите колеги ги знаат мошне добро границите и верувам дека нема потешкотии за обележување на границата меѓу Косово и Србија (…) Нема спорна ситуација на границата меѓу двете држави, бидејќи таа граница веќе постои, реќе Харадинај.