Косовскиот премиер Рамуш Харадинај на денешната средба со амбасадорите акредитирани во Приштина, изјавил дека во врска со Специјалниот суд ќе делува според волјата на пратениците.
Средбата со амбасадорите на САД, Велика Британија, Германија, Франција, Италија и на канцеларината на ЕУ, се одржа само ден по започната постапка за укинување на законот за Специјалниот суд.
– На средбата стана се разговараше околу иницијативата на 43 пратеници на косовскиот Парламент за укинување на Специјалниот суд. Премиерот Харадинај им се заблагодари на амбасадорите за континуираната поддршка за Косово во сите процеси. Тој посочи дека Владата на Косово ќе делува во согласност со Уставот и оти ги почитува одлуките донесени од народните избраници, стои во соопштението од Владата.
Вкупно 43 пратенци синоќа побараа укинување на законот за Специјалниот суд, но инцијативата пропадна порад немање кворум и по два обида на претседатлството на Парламентот да ја продолжи процедурата со свикување вонредна седница на парламентот.
– Зад оваа иницијатива стојат претседателот Хашим Тачи, премиерот Рамуш Харадинај и спикерот на парламентот Кадри Весели, поради страв дека може да бидат обвинети од Судот, формиран за истрага на воените злосторства од страна на водачите на ОВК (УЧК) за и по војната, коментира телвизијата „Ора њуз“.
Во меѓувреме, повеќе од пратениците за коио се тврди дека ја потпишале иницијативата демантираат дека го сториле тоа или се оправдуваат дека биле измамени со друга точка на дневен ред. Харадинај за попладне има закажано седница на Владата на која треба да се разлега предлог-одлуката за укинување на законот за Специјалниот суд.