вторник, 6. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Хоџај: Договорот со Србија треба да вклучува признавање на косовската независност

Хоџај: Договорот со Србија треба да вклучува признавање на косовската независност

Евентуалниот договор за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија треба да содржи признавање на косовската независност од страна на Белград и прием во ОН, изјави денеска косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај.

Тој го критикуваше српскиот претседател Александар Вучиќ, велејќи дека тој е „последниот човек во Србија“ во кој може да имаат доверба, но дека ќе се потруделе да постигнат договор.

Вучиќ вели дека сака да постигне трајно решение за Косово во рамки на дијалогот кој се води со посредство на Европската унија. (МИА)