Швајцарската полиција потврдила дека телото пронајдено во шумата замотано во тепих е на исчезнатата Изабела Тодоровиќ (21).
Манфред Хунзикер (78), сопственик на шумата, го пронашол телото на девојката со потекло од Србија. Било замотано во зелен тепих.
– Веднаш ми беше јасно дека станува збор за леш, видов коса и се јавив во полиција – вели Хунзикер.
Полицијата го истражува случајот и ги проверува сите можности.
Очајната мајка Виолета е уверена дека нејзината ќерка е убиена. Семејството ја барало Изабела од 3. Ноември. Девојката тогаш последен пат и пратила СМС во која напишала дека по работа ќе оди на пијачка со колегите и ќе се врати дома со воз.
– Изчезна на 3. ноември. Ми испрати порака. Напиша дека со колешка ќе излезат а потоа дека наутро со воз ќе си дојде дома. Но не си дојде – вели нејзината мајка.
Нејзиното мртво тело пронајдено е пред една недела. Последен пат видена е во кафе бар во Цирих во друштво на двајца мажи.